Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Стручен надзор над обврските за безбедност на мрежи и доставување на податоци и информации, согласно Законот за електронските комуникации

Од Мај 26, 2016 10:00 до 13:00
Hits: 558

Почитувани, во оваа прилика би сакале да Ве известиме, воедно и да Ве поканиме на еднодневно советување на тема:

„Стручен надзор над обврските за безбедност на мрежи и доставување на податоци и  информации, согласно Законот за електронските комуникации“
26 мај 2016 година (Четврток), 10:00-13:00 часот
Агенција за електронски комуникации, Скопје

Цел на советувањето:
Агенцијата за електронски комуникации организира советување каде што учесниците поблиску/подетално ќе се запознаат со вршењето на стручниот надзор над обврските кои произлегуваат од Законот за електронските комуникации.
Обуката ќе се реализира со посебен акцент на стручниот надзор над обврските кои овој Закон ги востановува за Безбедност и интегритет на јавните електронски комуникациски мрежи и услуги и заштита на личните податоци,  доставување на податоци и информации на барање на АЕК и начинот како тие обврски можат да се реализираат.

За кого е наменета обуката:
За претставници од сите оператори кои согласно законот имаат обврска да:

- превземат соодветни технички и организациони мерки со цел соодветно да управува со ризиците за безбедноста на мрежите и услугите,

- усвојат и имплементираат политики за безбедност,

- да води регистар за нарушувањата на безбедноста на личните податоци,

- доставуваат податоци и информации, вклучително и документи и финансиски информации, а кои Агенцијата ќе ги користи за вршење на надлежностите утврдени со ЗЕК и др.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:

- работен материјал;

- кафе и освежување.

Во прилог Ви доставуваме Агенда и Пријавен лист. Сите заинтересирани за учество на оваа обука можат да се пријават најдоцна до 23 мај 2016 година со испраќање на пополнет Пријавен лист по е-пошта на адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
 
За сите дополнителни информации во врска со советувањето слободно контактирајте со:

- Александар Ацев, тел. 02-3289-216, e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

- Петар Тасев, тел 02-3289-249, e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

download pageПријавен лист

download pageАгенда

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на