Notice: Undefined variable: GK_TEMPLATE_MODULE_STYLES in C:\inetpub\wwwroot\aek2017\templates\aek_j3\component.php on line 22 Известување за користење на скратени броеви со четири цифри
Logo
Испечатете ја страната

Известување за користење на скратени броеви со четири цифри

Почитувани,
Агенцијата за електронски комуникации согласно член 23 од Правилникот за утврдување на формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви, податоците што се приложуваат кон барањето како и начинот и постапката за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација („Сл. весник на РМ“, бр. 190/14 и 205/16), ќе го одземе правото на користење на доделени скратени броеви од серијата 13 или 15 со должина од 4 цифри.
Согласно одредбата од членот 23 Решенијата за доделување на скратени броеви со четири цифри кои Агенцијата ги има издадено на оператори и/или даватели на јавни електронски комуникациски мрежи и/или услуги ќе престанат да важат по изминување на 5 години сметано од 27.12.2013 на истата мрежна завршна точка на која се доделени.
Доколку сакате да продолжите со користење на  скратени броеви од серијата 13 и 15 во нумерациско подрачје за јавна фиксна и мобилна комуникациска мрежа потребно е да склучите нови договори за користење на скратени броеви од серијата 13 или 15 со должина од 5 цифри.
FaLang translation system by Faboba
Template Design © Joomla Templates | GavickPro. All rights reserved.