Menu

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
АГЕНЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРОНСКИ КОМУНИКАЦИИ

Нумерација

План за нумерација и Правилник за доделување на броеви и серии на броеви

Вовед

План за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија е структура на броеви и серии на броеви и нивен распоред за обезбедување на пристап до јавните комуникациски мрежи и/или јавните комуникациски услуги. Со Планот за нумерација управува Агенцијата за електронски комуникации за да обезбеди ефикасно структуирање и употреба на броевите и сериите на броеви, да се задоволат потребите на операторите кои имаат право на доделување на броеви и да се обезбеди доделување и користење на броевите на праведен и недискриминаторски начин.

Структурата, должината и намената на броевите за пристап до јавни комуникациски мрежи и јавни комуникациски услуги во Република Македонија и одредени услуги што се обезбедуваат преку јавни електронски комуникациски мрежи се утврдени во Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија.

Отстапатување правото на користење на доделениот скратен број на оператор на јавна телефонска мрежа и/или давател на јавно достапни телефонски услуги

Начинот и постапката за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација на јавните комуникациски мрежи и услуги на Република Македонија, како и формата и содржината на барањето за доделување на броеви и серии на броеви и потребните документи што се приложуваат кон барањето за доделување на броеви и серии на броеви се пропишани во Правилникот за доделување на броеви и серии на броеви од Планот за нумерација. 

 

Агенција за електронски комуникации

Кеј Димитар Влахов број 21, 1000 Скопје,
Република Македонија

E-mail: contact@aec.mk
Тел.: + 389 2 3289 200 + 389 2 3289 203
Факс: + 389 2 3224 611

Најдете не на