С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, на состанокот одржан на 25.01.2008 година, донесе Одлука за избор на најповолен понудувач за доделување на одобрение за користење на радиофреквенции за обезбедување на јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги од третата генерација (3G) на Космофон услуги на мобилна телефонија АД Скопје.

Изборот на најповолен понудувач за користење на радиофреквенции за обезбедување на јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги од третата генерација(3G) е извршен по спроведената постапка на Јавен тендер според Законот за електронски комуникации, а врз основа на Извештајот на Комисијата за спроведување на јавниот тендер.  Во Извештајот Комисијата за спроведување на јавниот тендер утврдила дека само еден понудувач доставил понуда која во целост ги исполнува условите утврдени во јавниот тендер и Тендерската документација, а тоа е понудувачот Космофон услуги на мобилна телефонија АД Скопје.

 Избраниот понудувач има обврска, најдоцна до 10 февруари 2008 година, да го уплати понудениот еднократен надоместок во висина од 10.050.000, 00 евра. Одобрението за  користење на радиофреквенциите за обезбедување на јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги од третата генерација (3G),  врз основа на уплатениот износ, Агенцијата ќе му го издаде  најдоцна до 11 февруари 2008 година.

Понудувачот ги достави следните поединечни цени за Големопродажните услуги и поединечни цени за Услуги за граѓани од референтниот пакет:

 

2. ГОЛЕМОПРОДАЖНИ УСЛУГИ - (К2)

    ( референтни пакети )

вкупно поени

54

 

 

 

 

2.1 Цени за мобилни услуги  - (К21)

мах.поени

18

Услуга

Тарифа

Единица мерка

Цена

говорни повици

нормална

минута

3,00 

евтина

минута

2,00

видео повици

нормална

минута

3,50 

евтина

минута

 2,50

СМС

 

порака

 1,50

ММС

 

порака

 1,50

интернет

 

MB (мегабајт)

 1,00

пристап на мрежа

 

 

 0,00

Вкупна цена на референтен пакет

 15,00

 

 

 

 

2.2  Цени за фиксни мобилни услуги - (К22)

мах.поени

18

Услуга

Тарифа

Единица мерка

Цена

говорни повици

нормална

минута

0,90 

евтина

Минута

 0,60

видео повици

нормална

Минута

 1,60

евтина

Минута

 1,10

СМС

 

порака

 0,60

ММС

 

порака

 0,60

интернет

 

MB (мегабајт)

 1,00

пристап на мрежа

 

 

 0,00

Вкупна цена на референтен пакет

 6,40

 

 

 

 

2.3 Цени за Интернет - (К23)

мах.поени

18

Услуга

Тарифа

Единица мерка

Цена

интернет

 

MB (мегабајт)

1,00 

пристап на мрежа

 

 

 0,00

Вкупна цена на референтен пакет

 1,00

 

3.  УСЛУГИ ЗА ГРАЃАНИ - (К3)

     ( референтни пакети ) 

вкупно поени

42

 

 

 

 

3.1 Цени за мобилни услуги  -  31)

мах.поени

14

Услуга

Тарифа

Единица мерка

Цена

говорни повици

нормална

минута

4,00 

евтина

минута

 2,00

видео повици

нормална

минута

 4,50

евтина

минута

 2,50

СМС

 

порака

 1,50

ММС

 

порака

 1,50

интернет

 

MB (мегабајт)

 1,50

претплата

 

 

0,00

Вкупна цена на референтен пакет

 17,50

 

 

 

 

3.2  Цени за фиксни мобилни услуги  -  32)

мах.поени

14

Услуга

Тарифа

Единица мерка

Цена

говорни повици

нормална

минута

 0,95

евтина

минута

 0,65

видео повици

нормална

минута

 1,70

евтина

минута

 1,20

СМС

 

порака

 1,00

ММС

 

порака

 1,00

интернет

 

MB (мегабајт)

 1,50

претплата

 

 

 0,00

Вкупна цена на референтен пакет

 8,00

 

 

 

 

3.3  Цени за Интернет -  33)

мах.поени

14

Услуга

Тарифа

Единица мерка

Цена

интернет

 

MB (мегабајт)

1,50 

претплата

 

 

 0,00

Вкупна цена на референтен пакет

 1,50

 

 

Цените се изразуваат во МК денари без вклучен ДДВ (18%)

 

Повиците во нормална тарифа се однесуваат на повици започнати помеѓу 08:00 и 20:00 часот, од понеделник до сабота. Повиците во ефтина тарифа се однесуваат на повици започнати надвор од периодот во кој се применува нормална тарифа.

 

Одлуката на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации за извршениот избор за најповолен понудувач, со подетални информации за спроведената постапка, ќе биде достапна на веб страницата на Агенцијата за електронски комуникации (www.aec.mk).

 

 

 

      Агенција за електронски комуникации

Комисија

Софче Јовановска, претседател